Кристијано Роналдо останува во Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми, но за 40 отсто повисока плата, сега 30 милиони евра по сезона.
Португалецот до сега заработуваше 21 милион евра по сезона, а зголемувањето го иницирал претседателот Флорентино Перез затоа што тоа му го ветил минатиот мај кога Реал го одбрани трфејот во Лигата на шампионите, тврди весникот „Ас“.
Во Реал сакале зголемувањето да го искажат низ одредени бонуси но Роналдо инсистирал и на крај ја добил бараната сума, а бонусите за трофеите само можат да ја зголемат неговата заработувачка, се наведува во текстот на најтиражниот шпански весник.







