Кристијано Роналдо после девет години го напушта „Сантијаго Бернабе“. Тоа што Португалецот го најави веднаш после освојувањето на третата последователна титула во Лигата на шампиони изгледа ќе биде и потврдено, со оглед дека најугледните мадридски весници „Марка“ и „Ас“ ја пренесоа ексклузивната вест:
„Реал ја прифати понудата на Јувентус од 100 милиони евра за Кристијано Роналдо!“
Официјална потврда сеуште нема, но самиот факт дека овие два мадридски весници ја пренесоа оваа информација дека чад во целата оваа приказна и тоа како има.







