Претседателот на Иран, Хасан Рохани го нарече Израел „канцероген тумор“ кој го створиле западните земји за да ги остварат своите интереси на Блискиот исток.
Во говорот на годишната Конференција на исламското единство, Рохани рече дека „еден од лошите резултати од Втората светска војна беше формирање на канцероген тумор во регионот“. Тој го нарече Израел „лажен режим“ кој го инсталирале западните земји.
Лидерите на Иран често го критикуваат Израел и предвидуваат исчезнување на таа земја, но Рохани, релативно умерен политичар, ретко ја користи таквата реторика.
Иран ги поддржува екстремистичките групи во регионот, либански Хезболах и палестински Хамас, кои ветуваат уништување на Израел. Иран никогаш не му се закани со напад на Израел, но вети дека ќе возвратат ако бидат нападнати, а Израел, пак, го смета Иран за егзистенцијална закана.
За да го заштитат Израел, САД одржуваат блиски врски со муслиманските држави на Блискиот исток, наведе Рохани, очигледно мислејќи на главниот ирански ривал на Саудиска Арабија и на Обединетите Арапски Емирати. Рохани, исто така, додаде дека Иран е подготвен да ја брани Саудиска Арабија од „териоризам и суперсила“.
„Ние ве сметаме за браќа. Ние ги метаме луѓето од Мека и Медина за наши браќа“, рече Рохани.
Мека и Медина се две најсветли точки во исламот, а се наоѓаат во Саудиска Арабија. Ријад пред речиси три години ги прекина дипломатсите врски со Техеран, затоа што иранските демонстранти ги нападнаа дипломатските преставништва на Саудиска Арабија во Иран поради погубувањето на познат шиитски имам.







