Моментално во Боливија има 23 милиони метрички тони литиум, објави претседателот на државата, Луис Арсе, откако владината студија потврди дека таму има најмногу литиум во светот.
Тој додаде дека боливиската влада веќе започнала преговори со претставници на Европската унија за инвестиции во литиумски проекти.
„Сите очи се вперени во Латинска Америка и во Боливија поради богатството што го имаме кога станува збор за литиумот и стратешките минерали“, рече Арсе.
Боливија се сврте кон инвестиции од руски и кинески компании за да ги развие своите огромни, но главно неискористени ресурси на „бел метал“, клучна компонента за батериите што се користат за напојување на електрични возила.
Јужноамериканскиот таканаречен „Литиумски триаголник“ содржи повеќе од половина од светските резерви на литиум, според проценките на Американскиот геолошки институт.
(Извор: „Ројтерс“)