Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша декрети за признавање на регионите Херсон и Запорожје како независни територии, а документите беа објавени на официјалниот интернет портал за правни информации.
„Да се признае државниот суверенитет и независност на регионите Запорожје и Херсон“, се вели во декретот.
Во документите се наведува дека претседателот на Руската Федерација ја донел оваа одлука во согласност со општоприфатените принципи и норми на меѓународното право, признавајќи го и потврдувајќи го принципот на еднаквост и самоопределување на народите, содржан во Повелбата на ОН, земајќи ги предвид волјата на жителите на регионот на референдум.
Независноста на ДНР и ЛНР Русија ја призна во февруари оваа година.


(Фото: АП)







