– Руските власти тужат пет медиумски платформи, вклучувајќи ги Гугл, Фејсбук и Твитер, затоа што наводно не ги избришале објавите во кои децата се повикуваат на учествуво во нелегалните протести, јавија руските медиуми, повикувајќи се на суд во Москва.
Твитер, Гугл и Фејсбук се соочуваат со по три обвиненија. За секое од нив казната е до четири милиони рубли, а руските власти ги тужеа и ТикТок и Телеграм.
Случаи против технолошките гиганти се отворија по протестите низ целата земја по затворањето на опозицискиот политичар Алексеј Навални, кој тврди дека сите дејствија против него се политички мотивирани.
Руските властите ги негираат овие обвинувања.
Гугл одби да ги коментира наводите на руските медиуми, а Фејсбук, Твитер, ТикТок и Телеграм не одговорија на барањето. Судот планира на почетокот на април да ги сослуша аргументите против Гугл, Фејсбук и Твитер.