Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Русија доби најлесна група во историјата на светските првенства
Фудбал

Русија доби најлесна група во историјата на светските првенства

декември 4, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Смеа во Кремљ, каде што се одржуваше ждребката за групи за Светското фудбалско првенство, но и ширум светот тргна спонтано кога Фабио Канаваро од последниот сад, онаа со најслаби репрезентации, го извлече ливчето со името на Саудиска Арабија за членка на групата А. Затоа што таму ја чекаа Египет, Уругвај и домаќинот Русија.

Не е потребно да бидеш многу упатен познавач на фудбалот за да сфатиш дека тоа е далеку најслаба група извлечени за СП идното лето во Русија, пишува хрватскиот портал index.hr.

Репрезентацијата домаќин на СП пред ждрепката по дифолт оди во првата по силина група, без оглед на нејзината реална сила, за да и се олесни минувањето на групата и така во земјата организатор се задржи вниманието и еуфоријата околу СП.

Но, имајќи го на ум дури и тоа правило, Русија преку секоја мерка е почестена веќе со ставање во првиот сад. Затоа што се работи за репрезентација која е 65 листата на ФИФА за „ЛИСТОПАД“ и по главниот критериум би морала да биде во последната, а не првата по силина група.

Значи, Русија е најслабо пласирана на табелата која служи за распоредување по садови од сите 32 репрезентации на СП. Две места пред руската репрезентација е и Саудиска Арабија, најлошата од сите репреземнтации кои на домаќинот можеа да му се допаднат од четвртиот, најслаб сад. И „какво чудо“, Русија од тој сад го доби токму тој противник.

Како Русија котира во светскиот фудбал покажува фактот дека на ФИФА табелата пред неа се Хаити, Буркина Фасо па дури и Зеленортските острови. Од трите последни светски првенства Русија обезбеди учество само на едно, но таму не ја мина групната фаза, додека на последните две „ецроски“ освои вкупно пет бодови.

Затоа, констатираат медиумите, е потребно да и се помогне на Русија како домаќин на СП, во чија организација со директна наредба на Владимир Путин се вложени 10 милијарди евра, да не се посрамоти и ако е можно да ја мине првата групна фаза.

Откако се извлечени групите јасно е дека фудбалски слабата Русија не може да има голема шанса за премин во нокаут фазата ако не е, на пример, во оваа која и ја „подари“ ждрепката.

До сега беше познат поимот „домашно судење“ како еуфемизам за наклонетоста на судиите на домаќинот/организаторот на натпреварувањето, а после извлекувањето на групите за СП во Русија следната година, време е за терминот „домашна ждрепка“. Затоа што откако првенството се игра во проширен формат (од 1982 година со 24 репрезентации и од 1998 со 32), со ждрепка само еднаш е извлечена полесна група од онаа што сега ја доби Русија.

Но, според еден важен критериум, оваа е дефинитивно најлесна.

Ако силата на групата ја мериме по ЕЛО рејтингот, којшто квалитетот на одредена репрезентација го одредува зимајќи ги во обзир нејзините резултати, важноста на натпреварите и местото на одигрување, групата во која се Русија, Уругвај, Египет и Саудиска Арабија има 1720 бодови. Тоа е дури 98 бодови помалку од просекот на сите репрезентации на светското првенство.

Уште повеќе, тоа е најголема разлика меѓу силите на една група на првенството во однос на општиот просек на тоа првенство од 1986-та, откако СП се игра според модерен формат.

Кога се работи, пак, за разлика помеѓу една и останатите групи на СП, онаа што сега ја доби Русија е најслаба во историјата на светските првенства.

Интересно е како Русија три пати избегна мина при отварањето на топчињата. Од вториот сад не можеа да добијат полесен противник, Уругвај никако не е најсилен. Ниту според субјективниот впечаток, ниту пак според ЕЛО рејтингот. Со 1849 бодови се наоѓа на „средината“ од тој сад.

После тоа ждрепката тргна по руска желба. Од третиот сад го добија Египет, според ЕЛО рејтингот втора најлоша репрезентација од тие од садот. И конечно, од четвртиот беше извлечена Саудиска Арабија, најслабата од таму.

И додека оваа група со ЕЛО рејтинг од 1720 е далеку најлоша на СП 2018, нема најнизок скор меѓу сите групи од 1986 година навака. Од неа била полоша само групата „Ф“ на првенството во 2010 година во која беа Италија, Словачка, Парагвај и Нов Зеланд, со незначително помал рејтинг од 1713.

Но, како што е истакнато, кога се работи за разлика меѓу една и останатите групи на СП таа што и се падна на Русија е најслаба досега во историјата на светските фудбалски првенства.

ждрепка Првенство рејтинг русија Светско фудбал
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Македонските фудбалери до 21 година одиграа нерешено со Црна Гора

октомври 2, 2026

Јамал стана најмладиот фудбалер кој достигна 50 гола во врвна европска лига

септември 2, 2026

Брисел подготвува нови 1.600 санкции против Русија

август 31, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.