Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО денеска се среќаваат во Брисел, за последен пат пред самитот во јули.
Министрите ќе го отворат состанокот со разговори за руските закани на глобално ниво, соопшти генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
„Има шема на опасно однесување: нелегалната анексија на Крим, дестабилизација во Украина, мешање во демократските процеси, кибер напади, поддршка за бруталниот режим во Сирија, користење на хемиско оружје, Русија најверојатно стои и зад нападот во Солсбери, изјави Столтенберг пред новинарите“, истакнувајќи дека членките на Алијансата одговориле “преку обединетост“ на тоа однесување.
Генералниот секретар смета дека односите помеѓу Русија и Западот се „потешки од кога било“, но и дека колку се повисоки тензиите толку е попотребно да се има дијалог со Русија.
ИЗВОР:ТВ24







