Руската економија влезе во рецесија. Бруто домашниот производ во третиот квартал е намален за четири отсто, покажува првата проценка за економската активност на руската статистичка агенција „Росстат“.
Економијата во вториот квартал, исто така, падна за околу четири отсто.
Според француската новинска агенција АФП, контракцијата на руската економија во третото тримесечје била помала отколку што предвидувале аналитичарите. Тие проценуваат дека падот ќе биде 4,5 отсто.
Најголем пад, 22,6 отсто, е забележан во трговијата на големо, додека трговијата на мало бележи пад за 9,1 отсто. Од друга страна, градежништвото има раст од 6,7 отсто, а земјоделскиот сектор од 6,2 отсто.
Во првите месеци од годинава економија забележа економски раст од 3,5 отсто, а по нападот на Украина многу западни земји воведоа економски санкции.
Руската централна банка на 8 ноември објави дека БДП на Русија оваа година ќе падне за 3,5 отсто. Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка на Русија и предвидуваат контракција на економијата 3,4 и 4,5 отсто.