Во последните 24 часа во Русија се потврдени 806 смртни случаи меѓу ковид пациентите, бројот на починати веќе петти ден по ред надминува 800, а според официјалните податоци на рускиот кризен штаб од почетокот на пандемијата борбата со вирусот ја загубија 171.305 луѓе.
Последното деноноќие се потврдени 20.765 новоинфицирани со корона вирус, а од почетокот на пандемијата вкупно се евидентирани 6.621.601 заразени лица, пренесе ТАС С.
(Фото: АП)







