Воздухопловните единици на Јужниот воен округ и поморската авијација на Црноморската флота на Русија вежбаат изведување на ракетни напади како дел од проверката на борбената готовност, соопшти прес-службата на округот.
„Војниците на Јужниот воен округ и на Црноморската флота ќе ги тестираат вештините за интеракција при ракетни гаѓања на максимално одалечени цели во составот на ескадрилата на ловците Су-27СМ и Су-30СМ2, како и повеќенаменските бомбардери-ловци Су-34“, се вели во соопштението.
Војниците, исто така, ќе вежбаат и повлекување од аеродромот во време на напад на условниот противник.

Како што е прецизирано, во вежбите ќе бидат ангажирани над 60 авиони. Задачите ќе се изведуваат на полигоните во Ростовската област, во Краснодарскиот крај и на Крим.
Да потсетиме, повеќе од 6.000 војници на Јужниот воен округ беа однесени на полигоните на почетокот на проверката на борбената готовност на воените единици и формации.
(Фото: ЕПА)







