Авион Ан-26 во кој се наоѓале 29 лица, меѓу кои 23 патници и шестчлен екипаж, исчезна од радарите над рускиот полуостров Камчатка, објавија руските медиуми.
Авионот на една локална авиокомпанија летал од ПетропавловскКамчатски (административен центар на територијата Камчатка) кон Палана кога прекинала врската со него.
Авионот не слетал, соопштија властите и веднаш е почната истрага за случајот.