Владата на Руската Федерација ја стави денеска Норвешка во списокот на земји кои вршат непријателски дејствија против руските дипломатско-конзуларни претставништва.
Со оваа одлука на Норвешка и е одредено ограничување од 27 лица кои може да ги вработи во своите дипломатски претставништва на територијата на Русија, се вели во соопштението на руската влада.
Во мај 2021 година, ограничувања беа воведени за дипломатските претставништва на САД и Чешка, а во јули 2022 година за дипломатските претставништва на Грција, Данска, Словенија, Хрватска и Словачка.







