Јужна Кореја денеска подигна борбени авиони откако два кинески и шест руски авиони влегоа во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на таа земја (КАДИЗ).
Во соопштението се наведува дека кинески бомбардери „Х-6“ неколку пати влегувале и излегувале во КАДИЗ.
Неколку часа подоцна, како што е соопштено, тие повторно влегле во областа од правец на Јапонското Море заедно со руски воени авиони, вклучувајќи бомбардери ТУ-95 и ловци СУ-35.
Како што се наведува, авионите не го нарушиле воздушниот простор на Јужна Кореја.
(Фото: АП)