Американската војска планира да ја опреми новата генерација стрелачко оружје со муниција со калибар 6,8 милиметри, за да можат да го пробијат новиот модел на панцирен елек какви што имаат Русија и Кина, пишува весникот „Популар механикс“.
Новата муниција ќе ги заменат куршумите со калибар 5,56 милиметри, кои се наменети за јуришна пушка М16. Како што се наведува во текстот, таков вид на муниција користат НАТО војниците.
Весникот истакнува дека американските војници сметаат дека муницијата што моментно ја користат е застарена за „решавање на проблемите“ со новите панцири.
Со нова, поголема муниција, ќе биде опремено новото оружје, кое ќе ги замени автоматската пушка М14 и митралезот М249.







