Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » САД и ЕУ на работ на трговска војна
Европа

САД и ЕУ на работ на трговска војна

декември 1, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Посетата на францускиот претседател, Емануел Макрон, на Америка оваа недела, изгледа како последен голем дипломатски гала настан на кој Европа би можела да го убеди Бајден да избегне трговска војна со Европската унија, пишува „Политико“.

Макрон ќе ја добие својата церемонија, уживајќи во сета раскош на „пост-трамповата“ државна посета на Вашингтон, но под целата таа врева егзистира многу јасен список со желби што тој мора да му го предаде на американскиот претседател.

Прво, сака да знае дали Бајден може да понуди поевтин гас и европски пристап до обилната програма на американски субвенции за зелените индустрии.

Ако Бајден не може да го овозможи тоа и ако по ова прашање не смее да попушти, трансатлантската трговска војна ќе биде веројатно неизбежна.

Аргументот од европскиот табор е дека Америка мора да покаже поголема солидарност со Европа, која го носи економскиот товар од војната во Украина. Освен фактот што цените на енергијата се далеку повисоки од оние во САД, Европејците ги лути тоа што вашингтонскиот пакет на субвенции ќе ги одвлече инвестициите од Европа. Големите земји кои произведуваат автомобили како Франција и Германија се бесни што американскиот Закон за намалување на инфлацијата ќе ги афирмира, како што велат, потенцијалните нелегални стимулации за купување тамошни електрични возила.

Во позадина на растечките фрустрации дека Америка профитира од војната, Макрон веќе ги обвини САД за „агресивен“ протекционистички пристап и „непријателски“ цени на гасот.

„Бајден треба да размисли што ќе се случи после војната во Украина. Европската унија го носи најголемиот товар од санкциите“, изјави за „Политико“ претставник од Елисејската палата.

„Постои ризик дека нерамнотежата ќе се влоши бидејќи Унијата плаќа повисоки цени на енергијата, а САД преземаат мерки за поттикнување на инвестициите во индустријата.“

Клучниот напредок што Макрон сака да го оствари е тоа и европските сојузници да можат да ги добијат истите права за субвенции како што ги имаат американските, канадските и мексиканските компании. Со гасот ќе биде потешко, бидејќи цената ја одредува пазарот, но од Париз порачуваат дека Бајден има низа „опции“ кога е тоа во прашање.

Ќе сакаат ли Американците, чија рамнодушност кон европските неволји не останува незабележана, сега одеднаш ќе ги ценат пораките што се слушаат од Париз, не е сигурно.

На многу начини, посетата на Макрон на САД се смета за враќање во нормала после турбулентните години на Трамп и жестоката дипломатска расправија која ја предизвика одбранбениот пакт АУКУС (AUKUS) минатата година, кога Австралија се повлече од договорот со Франција, вреден повеќе милијарди долари, за подморници, за наместо нив да купи американски подморници на нуклеарен погон.

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан, го окарактеризира потегот како „нож во грб“, а во расправијата што следеше, Франција го отповика својот амбасадор во САД.

Но, двете држави оттогаш ги поправија односите и се тесно усогласени околу војната во Украина, чинејќи го централниот дел од меѓународниот фронт против Путин.

Во прегледот на државната посета на францускиот претседател, Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа, ја истакна долгата историја на блиски односи меѓу САД и нивниот, како што посочи, „најстар сојузник“.

„Ова е можност да се истакне основната компонента на пристапот на оваа администрација кон надворешната политика, а тоа е преку сојузништво“, им рече Кирби на новинарите.

Се очекува дека Бајден и Макрон страсно да зборуваат за работите што ги обединуваат Франција и САД; за заедничката историја (не само во американската војна за независност), за поддршката за Украина и обновената посветеност на НАТО.

Има многу работи за кои Бајден и Макрон ќе се сложат.

„Бајден е интернационалист, тој ги сака Европејците. Имаше одредена тензија со Макрон, но нема голема разлика во нивните ставови“, вели Никол Бакаран, француско-американски политиколог и авторка.

Тоа што Французите, исто така, сакаат е администрацијата на Бајден да изврши притисок врз компаниите кои продаваат течен гас во Европа; да ги заджат прифатливите цени за тој гас и со тоа да ги ослободи Европејците во поглед на санкции.

Не е јасно, меѓутоа, дали САД имаат апетит да попуштат на француските барања.

Висок функционер на француското Министерство за економија истакна дека Вашингтон најверојатно нема да се откаже од програмата за субвенционирање.

Додека Макрон се подготвува да го шармира Бајден, другите во Франција испраќаат поостри пораки до нивните американски колеги.

„Ако САД не го модифицираат својот Закон за намалување на инфлацијата, ЕУ треба да употреби ‘присилни’ мерки за да се осигура дека европските компании ги имаат истите услови како и американските“, им рече на новинарите во петокот францускиот министер за трговија, Оливие Бехт.

Законот треба да стапи во сила веќе во јануари, а времето за преговори истекува.

Затоа, многумина ја повикуваат ЕУ и Европската комисија итно да го протуркаат сопствениот пакет субвенции за да ги заштитат чувствителните индустрии.

Самиот Макрон повеќе пати повтори дека нема да стои настрана и да гледа како Американците и Кинезите спроведуваат агресивна политика на државни субвенции.

Од друга страна, Вашингтон, се чини, нема ништо против тоа Брисел против огнот да се бори со  оган. Напротив, американскиот трговски претставник Таи го повика Брисел да го стори истото она што го направи администрацијата на Бајден и да ја засили финансиската поддршка за да ја направи Европа помалку зависна од странски добавувачи.

Ако кампањата на Макрон не успее, Европејците ќе се соочат со тежок избор: да тргнат по патот на протекционизмот и да ризикуваат во трката за субвенции кои тешко можат да си ги дозволат или да стојат на страна и да гледаат како се протекционистички ѕидови се издигнуваат низ светот.

актуелно Америка Брисел Вашингтон војна Европа Емануел Макрон Париз унија Франција Џо Бајден
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.