Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » САД одбележуваат 16 години од нападите на 11 септември
Во Фокусот

САД одбележуваат 16 години од нападите на 11 септември

септември 11, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Америка денеска одбележува 16 години од стравичните координирани терористички напади, кои на 11 септември 2001 година го шокираа целиот свет.

Во нападите загинаа вкупно 2.998 лица, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се водат како исчезнати. Во овој збир не се вклучени и загинатите 19 терористи.

Помошникот на американскиот претседател за прашањата за борба против тероризмот, Том Босфорт пред два дена изјави дека американските специјални служби не располагаат со податоци дека против САД се подготвуваат некакви големи напади во врска со годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година.

„Засега нема реални закани од страна на терористи, за кои би било потребно да се преземат дејствија“, рече Босфорт.

Нападите во 2001 година ги извршија припадници на терористичката група Ал Каеда, а тој трагичен настан го означи почетокот на американската и западната глобална кампања против тероризмот, која резултираше со војните во Авганистан и во Ирак, со отворање на затворот во Гвантанамо, јакнење на безбедносите мерки и агенции на сметка на човековите права, со зголемување на воениот буџет.

Војната против тероризмот се уште трае, но Ал Каеда, чиј лидер Осама бин Ладен е убиен, ја заменија нејзините ограноци и Исламска држава, против кои се водат борби на Блискиот Исток, во Сирија и во Ирак, додека на мета на терористите се почесто се европските престолнини.

Во САД одбележувањето на годишнините традиционално се одржува во Националниот меморијален центар, кој се наоѓа на местото на некогашниот Светски трговски центар, каде се урнати кулите близначки.

Оддавањето почит на жртвите во Меморијалниот центар вклучува и читање на имиња на настраданите во нападите од 1993 и 2001 година, додека навечер два снопа сина светлина насочени кон небото потсетуваат на урнатите кули.

На 11 септември 2001 година два киднапирани авиона ги урнаа кулите близначки по што следеше удар на третиот авион врз зградата на Пентагон во Вашингтон. На крајот беше соборен авион во Пенсилванија.

Акцијата на деветнаесетте припадници на Ал Каеда почна со киднапирање на четири патнички авиони, кои полетаа од аеродромите во Бостон, Њујорк и Вашингтон.

Киднаперите влегоа во кабините на пилотите и користејќи ножеви за сечење хартија, кои ги прошверцувале, го убија екипажот и ја преземале контролата врз леталата.

Првиот авион на „Американ ерлајнс“ во 8:46 часот по локално време удри во северната кула на Светскиот трговски центар во Њујорк, а 17 минути подоцна вториот киднапиран авион на компанијата „Јунајтед ерлајнс“ удри во јужната кула, додека третиот го погоди седиштето на Пентагон.

Од кулите-близначки во Њујорк само 20 луѓе, кои биле на катовите над местото на нападот успеале безбедно да ја напуштат зградата пред да се урнат. Меѓу жртвите на 11 септември имало 371 странец, а 343 пожарникари загинаа во падот на кулите-близначки додека се обидувале да им помогнат на повредените да ги напуштат зградите.

Подоцна надлежните служби на САД оценија дека мозокот на нападите бил Халид Шеик Мухамед, кој е уапсен во март 2003 година во Пакистан, а во февруари 2008 година е обвинет за воени злосторства.

Командоси на американските воени сили во пролетта 2011 година извршија упад на имот во Пакистан, каде се криеше Осама Бин Ладен и го ликвидираа, за што тогашниот претседател на САД, Барак Обама ја извести нација и целиот свет.

Во 2007 година рускиот весник „Комсомолскаја правда“ напиша дека „САД сами си ги уништиле кулите-близначки во Њујорк на 11 септември 2001 година“, повикувајќи се на 130 американски градежни инженери и архитекти, кои ги поткрепуваат своите наводи со анализа на фотографии и видео-материјали, како и многубројни сведоштва на очевидци.

„За нас е јасно дека станува збор за професионално уривање на зградите со користење експлозиви“, истакна американскиот архитект Ричард Гејџ, иницијатор на петиција подготвена од експерти до Конгресот на САД.

„Сите знаат дека таква акција бара и сложен систем на минирање. Со оглед на системот за контрола и безбедност во Светскиот трговски центар, тешко е да се претпостави дека терористи можеле да преземат такви активности без да бидат забележани. Така стигнавме до ужасното мнение дека нападот можел да биде „режиран“ во владини кругови на САД, објаснил експертот за „Комсомолскаја правда“.

Нападите на 11 септември 2001 година досега се еден од најзначајните настани во 21. век, кој предизвика бројни економски, социјални, културни и други последици во САД и други делови од светот.

актуелно Барак Обама Бин Ладен близначки годишнина напади њујорк правда САД
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.