Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » САД потврдија речиси милион нови случаи на Ковид-19 во еден ден
СВЕТ

САД потврдија речиси милион нови случаи на Ковид-19 во еден ден

јануари 5, 2022Updated:јануари 5, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

САД потврдија речиси милион нови случаи на коронавирус во понеделникот, што е најмногу во светот и речиси двојно поголем од бројот постигнат минатата недела, додека високо заразната варијанта омикрон не покажува знаци на забавување.

Бројот на хоспитализирани пациенти е зголемен за речиси 50 отсто во изминатата недела и сега изнесува над 100.000, објавија американските медиуми.

Во текот на изминатата недела, просечниот број на новозаразени изнесувал 486.000 дневно, а тој број е двојно зголемен за седум дена. Меѓу 978.856 новозаразени во понеделникот, се наоѓаат и некои случаи од саботата и неделата, бидејќи многу држави не известуваат за време на викенди.

Просечниот број на смртни случаи од Ковид-19 во САД сè уште е прилично стабилен и се движи околу 1.300 дневно.

Според податоците на Американската академија за педијатрија и Здружението на детски болници, минатата недела се регистрирани повеќе од 325.000 заразени деца, што е речиси двојно повеќе од пред две недели.

Светската здравствена организација вчера соопшти дека омикрон засега предизвикува полесни форми на болеста. Сепак, здравствените власти предупредуваат дека бројот на заразени со омикрон го загрозува болничкиот систем, кој веќе е оптоварен со пациенти заболени од Ковид, главно невакцинирани лица.

Белата куќа вчера соопшти дека администрацијата на претседателот Џо Бајден ги финализира договорите за 500 милиони брзи тестови за коронавирус кои планира да им ги подели бесплатно на Американците со цел да се намали притисокот врз местата за тестирање. Дополнително, администрацијата двојно ја зголеми нарачката за антивирусен лек на Фајзер против Ковид-19.

Здравствените власти нагласуваат дека вакцинациите и дополнителните дози остануваат најдобриот начин да се избегнат тешките форми на болеста.

 

 

 

МИА

актуелно ковид милион заболени САД
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.