Џејмс Хочкинсон, шеесет и шестгодишен полицаец од Беливил, денеска околу седум часот по локално време отвори оган врз членови на Републиканската партија на бејзбол тренинг во американскиот град Александрија во Вирџинија.
Во нападот ранет е шефот на пратеничката група, конгресменот Стив Скалис, кој моментно се наоѓа во болница поради сериозноста на повредите.

Со потешки повреди на ногата се здобил и конгресменот Роџер Вилијамс при прескокнување на оградата при обидот за да се спаси.
Повредени се уште тројца конгресмени кои, по укажаната лекарска помош, се на домашно лекување.
„Гардијан“ информира дека во време на нападот на теренот биле околу 25 политичари од редот на републиканците. Во текстот се наведува дека се слушнал рафал на околу 50 метро од нив.
Меѓу републиканците кои го следеле бејзбол тренингот се наоѓале конгресменот Ранд Пол, еден од највисоките републикански членови и некогашен кандидат на партијата во внатрепартиската трка за претседателски избори, споменатите Стив Скалис и Роџер Вилијамс, Џо Бартон конгресмен од Тексас, Рон Десантис од Флорида, Џак Флеишман од Тенеси, Џеф Флејк од Аризона, Бред Венструп од Охајо и конгресмените од Алабама Гери Палмер и Мо Брук.
Напаѓачот, според наводите во текстот на „Фоксњуз“, е ранет во престрелката со полицијата.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во врска со нападот издаде соопштение.
„Потпретседателот и јас сме информирани за инцидентот во Вирзинија и внимателно ја следиме состојбата. Длабоко жалиме за овој настан. Начите мисли и молитвите се со членовите на Конгресот, нивните семејства, со полицијата“, се наведува во соопштението.
Конгресменот Брук за Си-Ен-Ен изјави дека напаѓачот бил белец, со просечна конституција, можеби на средни години.
„Бевме беспомошни. Не знам што му требаше на обезбедувањето толку долго за да возврати на огнот. Ми се чинеше како цела вечност, но можеби е тоа само мој впечаток, можеби поминале само неколку секунди… којзнае. Имаше 10, 20, 30 истрели“, рече Брук после нападот.











