Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » САД: Соборен рекордот во предвремено гласање, досега гласот го дадоа над 12 милиони Американци
СВЕТ

САД: Соборен рекордот во предвремено гласање, досега гласот го дадоа над 12 милиони Американци

октомври 14, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кандидатите за претседател на САД од Републиканската и Демократската партија, Доналд Трамп и Џо Бајден вчера одржаа предизборни собири во важните сојузни држави Пенсилванија и Флорида, на нецели три седмици пред изборите закажани за 3 ноември.

Досега 12 милиони Американци гласаа на изборите, вклучувајќи 1,6 милиони на Флорида, покажува проекцијата на Универзитетот Флорида.

Со тоа е урнат рекордот по бројот на предвремени гласови.

На митингот во Пенсилванија, Трамп ја критикуваше енергетската политика на Бајден, бидејќи индустријата за нафта и гас вработува голем број жители на таа држава, а анкетата на Ројтерс/Ипсос покажува дека актуелниот претседател заостанува зад Бајден во клучните држави.

Трамп го обвини Бајден дека сака да го забрани хидрауличното фрактурирање, процес на извлекување нафта и гас кој се смета за еколошки штетен.

„Едно од најважните прашања во Пенсилванија е опстојување на фрактурирањето“, им рече Трамп на насобраните, сугерирајќи дека поради Бајден, многумина во Пенсилванија ќе останат без работа.

„Џо Бајден повеќе пати рече дека ќе го укине фрактурирањето. Тој е лажго“, додаде Трамп.

Бајден претходно изјави дека ќе забрани ново производство на нафта и гас на земјиште во сопственост на федералната влада, но рече дека нема да забрани фрактурирање, иако претходно изнесуваше конфузни ставови.

Во меѓувреме, Бајден беше во Флорида, обраќајќи им се на постарите гласачи и критикувајќи го Трамп за начин на кој управува со пандемијата на коронавирусот.

Анкета на Ројтерс/Ипсос објавена во понеделникот покажува дека Бајден има предност од седум процентни поени во Пенсилванија, во однос на пет процентни поени една недела претходно.

Трамп победи во таа држава во 2016 година со мала разлика.

Обраќајќи им се на околу 50 луѓе собрани во округот Броуард, јужна Флорида, Бајден рече дека Трамп немарно ја отфрла заканата од коронавирус.

„За Доналд Трамп вие сте потрошни. Некои на кои може да се заборави. Вие сте речиси никој. Така тој гледа на постарите лица. Така ве гледа вас“, им порача Бајден на насобраните приврзаници.

Поради заканата од Ковид-19, Бајден во рамки на кампањата организира мали собири со почитување на епидемилошките мерки, наспроти Трамп кој организира масовни митинзи, каде ретко кој досега носеше заштитна маска.

Доколку Бајден победи на Флорида, значително ќе се намалат шансите на Трамп за реизбор, а последната анкета покажува дека демократите имаат поголема поддршка од клучните демографски групи во државата, посебно од постарите лица.

Трамп победи на Флорида во 2016 година со разлика од 1,2 процентни поени.

актуелно предвремено гласање САД
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.