Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди денеска дека САД ќе ги прекинат трговските врски со сите земји кои соработуваат со Северна Кореја.
„САД разгледуваат, покрај другите опции, да ја запрат целокупната трговија со оние кои имаат релации со Северна Кореја“, напиша тој на Твитер.
Трамп ова предупредување го упати откако Пјонг Јанг претходно денеска соопшти дека детонирал унапредена хидрогенска бомба за ракета со долг домет.







