Лидерите на 44 земји денеска, од првиот самит на Европската политичка заедница во Прага, ќе испратат јасен сигнал дека Русија е изолирана и ќе се обидат да создадат нов поредок без Москва.
„На состанокот ќе се бара нов поредок без Русија – изјави шефот на дипломатијата на Европската унија, Јосеп Борељ, пред новинарите во Прага, пред почетокот на самитот, иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон.
Во главниот град на Чешка, која моментно претседава со ЕУ, Прага, денес ќе се одржи првиот состанок на таканаречената Европска политичка заедница, која треба да ги собере членките на Унијата и другите европски земји, како што беше истакнато пред средбата, во „духот на единството“.







