Бомбаш самоубиец удри денеска со својот мотор во полициски камион во југозападен Пакистан, при што загинаа девет полицајци, изјави портпаролот на полицијата.
Портпаролот Мехмуд Кан Нотизаи изјави за Ројтерс дека нападот се случил во Сиби, град на околу 160 километри источно од Квета, главниот град на провинцијата Белуџистан.
Од болницата соопштија дека во инцидентот најмалку седум полицајци биле ранети, што е последен во серијата напади врз полицијата во Пакистан.
Ниту една група засега не презеде одговорност за нападот.
Етничките герилци со децении се борат против владата и ја обвинуваат за искористување на ресурсите на таа покраина – за експлоатација на гас и разни минерали.
(Фото: Ројтерс)







