Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 214 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 124 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени се пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.







