Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Саудиска лига – проект осуден на неуспех или пресвртница во историјата на фудбалот
Фудбал

Саудиска лига – проект осуден на неуспех или пресвртница во историјата на фудбалот

август 14, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Потписот на Кристијано Роналдо за Ел Наср ја отвори „вратата“ за многу играчи кои заради поголема заработувачка би ја напуштиле Европа, во години кога играат на високо ниво и се борат за трофеи, но претходно на таков чекор не се осмелуваа.

Јасно е дека најдобро се игра на Стариот континент и дека е со километри или со милји, во зависност од мерната единица за должина, далеку од она на другите континенти.

Овој спорт, освен што е најважната споредна работа во светот и работа на престиж, е и индустрија која вклучува мода, технологија и маркетинг и донесува популарност на местата каде што е распространет.

Поради ова, на многу места во светот започнаа проекти за носење фудбалери од Европа со цел развој и проширување на домашната лига, подобрување на популарноста на спортот, но и трасирање на пат за развој на националните селекции.

Голем број такви обиди, како што впрочем е кинескиот, јапонскиот и австралискиот, пропаднаа, или немаат светла иднина.

На почетокот на 21 век, екипи од кинеската Суперлига успеаја да донесат фудбалери од најголемите европски тимови, со очекување дека ќе го подигнат квалитетот на натпреварувањето и ќе ги затемелат нивните имиња како столбови на кои ќе започне реновирањето на самото натпреварување, кое подоцна би довело и до развој и подобрување на репрезентацијата.

Претседателот на Кина, Кси Џинпинг, во сега веќе далечната 2015 година јавно си постави цел – Кина во следните 15 години да стане светски фудбалски шампион, а во тој период државата сама да биде организатор на Мундијалот.

Со овој јавен настап е обелоденета идеја која почна да се споменува во 2006 година после најголемата фудбалска смотра одржана во Германија.

Планот на претседателот на тогаш најнаселената земја во светот се базираше на квантитет.

Сакаше Кина во следните 10 години да ишколува 200.000 фудбалери, да основа 40.000 фудбалски школи и да направи повеќе од 100.000 терени.

Со популаризацијата на спортот и со ангажман на познати фудбалски имиња во домашната лига, сакаше брзо да ја исполни својата цел.

Најголемиот проблем во сето ова беше тој што на потег дојдат во Суперлигата се одлучуваа фудбалери во доцните триесетти години, кои беа победници на европските натпреварувања, па поради таа причина никому немаа што повеќе да докажат.

Поради бавниот развој на неговата идеја, Кси Џинпинг постави нов рок, целта е титулата на Мундијалот да се освои до 2050 година, а тоа треба да се поттикне со изградба на еден терен на секои 10.000 жители до 2030 година.

Кинезите спроведуваат план во кој максимално ги поддржуваат своите фудбалери.Екипите во Суперлигата мора да имаат повеќе од 75 проценти домашни играчи, а странците што ги носат се претежно од Јужна Америка.

Со оглед на тоа дека нивното најсилно натпреварување е во сопственост на државата, таа ќе продолжи да работи по принципот што е зацртан пред осум години.

Планот за развој на домашната лига и репрезентацијата се уште трае, но можеби дојде до неочекуван пресврт.

Оваа земја од далечниот исток се чини дека станува се помалку популарна локација за европските фудбалери, бидејќи нејзината идеја ја прифатија и други земји.

Со завршувањето на Мундијалот во Катар, на повидок е ново поглавје во историјата на најважната споредна работа на светот.

Иако кралството од Блискиот Исток веќе подолго време носи играчи од Европа, за пресвртот е заслужен Кристијано Роналдо со потписот за Ел Наср.

Португалецот на Арапскиот Полуостров се пресели на 38-годишна возраст, но неговото име и големата база на навивачи несомнено влијаеа и на многу помладите фудбалери.

Саудиската лига во споредба со најдобрите во Европа, што и да каже некој, е полупрофесионално натпреварување, а доказ за тоа се убедливите порази на Ел Наср од Селта (4:1) и Бенфика (5:0) во пријателските натпревари.

Кралството, судејќи според се, реши да ја промени својата неславна позиција.

Напорите што ги прави најмногу се огледуваат во вложувањата на државниот инвестициски фонд, најмногу во најголемите клубови… Ел Наср, Ел Итихад, Ел Ахли и Ел Хилал.

Вложените пари екипите најмногу ги користат за доведување големи играчи од европските клубови и во изградбата на најмодерна и најсовремена инфраструктура.

Сето тоа со цел да се промовира фудбалот, а воедно и државата која сака да го подобри својот углед во светот.

Голем дел од „ѕвездите“ кои доаѓаат во Арабија најмногу потсетуваат на оние кои во изминатите децении доаѓаа во Кина, оние кои се на крајот од своите блескави кариери.

Таквите играчи, на кои најголемиот, а не ретко и единствениот мотив им се парите, немаат потреба за докажување, а немаат преголема желба за освојување трофеи, затоа што оние најважните веќе ги освоиле во Европа.

Измачени од по некои повреди, сити од успеси и награди, на прагот на одење во пензија, добија можност да заработат поголема сума пари, што и ја искористија.

Овие фудбалери ќе ги заземат позициите на домашните млади играчи кои можеби сонуваат да ги достигнат некогашните височини токму на овие соиграчи кои сега им го земаат местото во тимот.

Ваквиот обид е однапред осуден на неуспех, затоа што како што пензионерите не се способни за воен рок, така и играчите на крајот од кариерата не се во можност да ја остварат примарната цел заради која екипите ги ангажираат – да го дадат максимумот, и на тој начин постојано да го подигаат нивото на натпреварувањето.

Иако заради вложениот капитал лигата во Саудиска Арабија добива на значење, по квалитет заостанува зад европските натпреварувања.

Одредени тренери, новинари и фудбалери, пред се под влијание на парите кои се во оптек и имињата кои пристигнаа на полуостровот, му даваат преголемо значење на шампионатот кој се уште не почнал значително да се развива.

Кога играч од Европа на врвот на кариерата заради пари ќе замине од силен клуб во многу послаба лига, местото во репрезентацијата веќе нема да му биде сигурно.

Во националните тимови се канат само оние кои со својата умешност, физичка подготвеност и желба да се докажат можат да придонесат за селекцијата.

Фудбалер кој ќе се одлучи да премине во полоша екипа и послаба лига може да го загуби кредибилитетот и да не добие шанса да го облече репрезентативниот дрес.

Фудбалерите кои се борат за титули, трофеи и престиж секако вредат повеќе од оние кои тоа го прават првенствено за пари.

Да замислиме дека фудбалер од Премиер лигата на сезона или две се пресели во некоја од пониските англиски лиги.Меѓу своите полоши колеги би бил супериорен во физичка подготвеност, техника, но и по познавање на играта.

Сепак, тој би стагнирал, не би напредувал во некое осредно натпреварување, а репрезентацијата бара квалитет кој тој веќе не е во состојба да го пружи.

Уште еден пример: ако играчот се пресели во клуб во кој времето ќе го минува на клупата без поголема улога на теренот, тоа би влијаело на неговата форма.

Затоа наместо него, покана за во репрезентација добиваат помлади фудбалери желни за докажување и освојување трофеи.

Во саудискиот фудбал во најдобрите натпреварувачки години поминаа двајца португалски играчи Жоао Жота и Рубен Невес.

Голем број светски лиги имаат за цел да го достигнат европското ниво на фудбалот.Моделот на кој му пристапуваат на овој потфат е веќе виден, а одвреме-навреме на него се додаваат одредени новитети.

Фудбалерите кои одат во овие лиги одат да заработат, додека екипите ги пречекуваат со големи очекувања за иднината.

Со толку различни ставови тешко дека нешто ќе се промени, затоа што за да успее еден проект потребно е сите да имаат барем малку заедничка визија.

За сите големи промени, особено за подобро, потребно е време, а пократкиот пат по кој оди Саудиска Арабија може да ја врати подалеку од почетното место од каде што тргна, затоа што нема такви пари што можат да го заменат чувството за кревање на трофејот во Лигата на шампионите, а тоа е она што го имаат на ум најдобрите европски играчи.

Она што и недостасува на саудиската Суперлига се дербијата за кои понекогаш живеат цели генерации навивачи и фудбалери.

Шармот на дербито е бесценет, традиција долга со децении и ривалствата што одат потаму од спортските, сето тоа го прави фудбалот најважна споредна работа на светот и нешто што тимовите мораат долго да го градат.

Прилог што не им оди во корист на Саудијците е фактот дека фудбалот е повеќе од игра.

Тој е индустрија, навивачи, туризам, ТВ права… Тешко дека Ријад некогаш ќе успее да ја украде славата на еден Лондон, Манчестер, Мадрид или Милано.

Европа Кина кристијано роналдо Лига Манчестер Мундијал Саудиска Арабија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рама: Порано Албанија беше „Северна Кореја на Европа“, денес е на пат кон ЕУ

мај 21, 2026

ФК Вардар ќе плати 3500 евра казна за недоличната прослава

мај 20, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.