Сашо Тасевски е новиот началник на Одделот за обезбедување или Шестата управа во МВР, а Ацо Ангеловски е поставен на чело на Секторот за превентивно обезбедување во МВР.
Двајцата се полициски службеници од обезбедувањето на министерот Оливер Спасовски, кои на крвавиот четврток застанаа во одбрана на нападнатите пратеници во прес-центарот во Собранието.
Тасевски е магистер по безбедност и има докторанд на Факултетот за безбедност во Идризово.
Од 2001 година има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“.
Има посетувано курс за обезбедување ВИП-личности во САД во 2004 година.







