Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СБ го поддржа прелиминарниот проект за КОВИД-19, може и да се надополни, вели Филипче
Македонија

СБ го поддржа прелиминарниот проект за КОВИД-19, може и да се надополни, вели Филипче

јули 30, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Светска банка го поддржа прелиминарниот предлог проект за подобрување и надградување на здравствената инфраструктура за брз одговор и справување со КОВИД-19. Тие се флексибилни и проектот може да се надополни. Со него подобро ќе одговориме на предизвикот“, изјави министерот за здравство Венко Филипче кој денеска одржа работен состанок со експерти од Светска банка.

На состанокот на кој Филипче ги образложил сите аспекти од страна на
Светска банка присуствувале водечкиот специјалист за здравство Доминк Хазен, одговорната за програмите за човечки развој во канцеларијата на СБ во Скопје Бојана Нацева, специјалистот за набавки Антониа Виачка, како и виш специјалист за општествен развој Беким Имери, специјалистот за животна средина Ивана Новаковиќ и програмскиот асистент Јасминка Шопова.

„Светска банка го поддржа прелиминарниот предлог проект, кој има одличен концепт за справување со здравствената криза предизвикана од коронавирусот. На состанокот ги образложив сите аспекти кон покривање на итните потреби на здравствениот систем, а тоа е зајакнување на капацитетите на системот за соодветно менаџирање на случаите со ковид-19. Проектот е насочен кон подобрување на дел од здравствените установи, но и обезбедување на лабораториска опрема. Жалам што дополнителната заменичка министерка за финансии целиот овој изминат период го блокираше проектот, а со тоа се ставија во ризик пациентите. Нашиот предлог план е поддржан од страна на Светска банка, но истиот може и да се надополни, тие се флексибилни. Пациентите се на прво место. И токму затоа, со овој проект, ќе го зајакнеме нашето јавно здравство, но и подобро ќе одговориме на предизвикот со ковид-19, изјави министерот Филипче“, соопшти попладево Министерството за здравство.

Новиот проект за брзо дејствување против последиците од кризата предизвикана од Ковид-19, е проектиран на износ од 90 милиони евра и се состои од две компоненти.

Првата компонента за итен одговор, се однесува на зајакнување на здравствените капацитети со обезбедување зголемување на капцитетите за тестирање, техничка експертиза, лабораториска опрема, заштитна опрема, медицински помошни материјали и опрема, реновирање здравствени установи, развој на системи за да се обезбеди навремено откривање случаи и следење контакт, во согласност со упатствата на Светската здравствена организација, како и финансирање на придонесот за здравствено осигурување за ранливи корисници.

Втората компонента за поддршка на домаќинствата се однесува на обезбедување поддршка за трансфери за ранливи домаќинства погодени од последиците од коронавирусот и паричен надомест за оние што ги изгубиле работните места како резултат на кризата.

актуелно Ковид-19 проект сб
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.