Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети

ноември 2, 2026

УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари

ноември 2, 2026

Авион се урна во Флорида, загинаа сите девет лица

ноември 2, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
  • УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари
  • Авион се урна во Флорида, загинаа сите девет лица
  • Бугарија го доби својот прв избран претседател: Илијана Јотова победи во вториот круг од претседателските избори
  • Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сведок за „Титаник“: На три адреси пријавени над 100 луѓе
Судски процеси

Сведок за „Титаник“: На три адреси пријавени над 100 луѓе

ноември 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со сослушување на сведок вработен во Полициска станица Ресен, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“.

Сведокот Агрон Кранлиевски, на прашање од обвинителката Лиле Стефанова, рече дека од 2012 година му биле дадени за вршење на проверки повеќе од 100 луѓе на три адреси.

„Во 2012 година добив од 40 до 45 барања за проверка на адреса на Љупчо Поп Ѓошев. Во првиот обид ниту еден не беше пронајден. Потоа кај Станојковиќ во стан добив проверка на 20 до 25 луѓе, а кај Сандре Темелковски, на улица Коле Неделковски имаше околу 20 до 30 луѓе. Во прв обид не беше пронајден никој, рече сведокот.

Потоа од старешините, рече сведокот, им било речено да направат уште два до три обиди на истите адреси, но повторно неуспешно.

„Потоа, при увид во Избирачки список видов 78 лица, за кои имам пишано негативно, дека не се пронајдени на адресата на живеење, изјави сведокот.

Нагласи дека дневно во ПС на сликање доаѓале по околу 50 луѓе.

„Од командирот Милорад Георгиевски, добивме наредба тие луѓе да ги извадиме надвор на паркинг на полициската станица. Во разговор со нив, тие кажаа со пасошите во рака дека се пратени да се сликаат од градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, рече сведокот.

На прашање од одбраната дали проверката ја вршел сам, сведокот потврди и посочи дека тоа е вообичаена постапка.

Прашан од Илија Димовски, дали луѓето од Пустец што доаѓале во ПС Ресен веќе имале пасоши од РМ, пред да дојдат и побараат лични карти, сведокот рече да.

На прашање од Гордана Јанкулоска дали пристапот до изводот од Избирачкиот список му бил овозможен од некој од кандидатите за градоначалник, сведокот рече не.

Прашан од Едмонд Темелко, дали познава со име и презиме некои од луѓето пред ПС Ресен, сведокот одговори не.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани.

Следното рочиште е закажано за 20 ноември, за кога треба да бидат сослушани четворица сведоци.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ иЛенка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Случајот го отвори СЈО, за потоа да го преземе државното Јавно обвинителатво, а случајот повторно беше распределен на јавната обвинителка Лиле Стефанова.

 

 

ИЗВОР: МИА

 

 

адреси актуелно сведок судење титаник
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети

ноември 2, 2026

УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари

ноември 2, 2026

Авион се урна во Флорида, загинаа сите девет лица

ноември 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.