Светската банка ќе инвестира 33,4 милиони долари со кои ќе бидат изградени нови градинки низ општините во Македонија. Министерот за финансии Драган Тевдовски кажа дека следниот месец ќе започнат преговори со банката која покажала интерес за финансирање на овој проект.
„Светската банка има интерес да го финансира овој проект и подобрување на социјалните услови. Очекуваме на почетокот на јули да се почнат преговори со банката за одобрување на сретства од бордот во септември, а до крајот на годината да се потпише договорот и ќе се овозможи со тие сретства општините да добиваат грант сретства за изградба на градинките.“ – изјави Драган Тевдовски – министер за финансии.
Тој истакна и дека вработените во градинките од септември ќе земаат и за 5% поголема плата.







