Кенијката Беатрис Чепкоеч во натпреварите во атлетика од Дијамантската лига во Монако, постави нов светски рекорд во дисциплината 3.000 метри стиплчез.
А оваа делница ја истрча за осум минути 44 секунди и 32 стотинки, што е за повеќе од осум секунди побрзо од стариот рекорд на Рут Жебет од Бахреин (8.52,78) од 2016 година.







