Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Свечености во пресрет на одбележувањето на Денот на Армијата
Македонија

Свечености во пресрет на одбележувањето на Денот на Армијата

август 16, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во пресрет на 18 Август – Денот на Армијата, пред зградата на Министерството за одбрана и Генералштабот во Скопје, како и во командите и единиците во касарните низ државата, денеска со свечени церемонии се одбележа празникот на Армијата.

На свечениот собир на вработените во Министерството за одбрана и Генералштабот, присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, заменикот на министерот за одбрана Беким Максути, заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар Драган Николиќ, претставници на Канцеларијата за
врски на НАТО во Скопје, воени аташа акредитирани во Република Северна Македонија и други гости.

Во обраќањето пред присутните на денешната прослава во МО и ГШ на Армијата, генералот Ѓурчиновски истакна дека во изминатата година, се реализирани сите планирани задачи.

Како што соопшти ГШ на Армијата, Ѓурчиновски најавил дека во периодот кој претстои, ќе се продолжи со спроведување на започнатите реформски процеси со поинтензивно темпо, со што ќе се исполнат очекувањата од државното раководство и од граѓаните кои несебично ни ја даваат довербата.

На денешната свеченост во Генералштабот и командите и единиците по повод Денот на Армијата беа соопштени наредби за унапредувања, а беа врачени и плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на Армијата и организации кои придонеле за развојот на МО и Армијата.

Во командите и единиците на Армијата беа организирани и тактичко технички зборови на кои поканетите гости имаа можност да се запознаат со дел од оружјето, опремата и средставата со кои располагаат единиците.

Во рамки на свеченоста, делегации предводени од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на генералштабот Ѓурчиновски и претставници од семејствата на загинатите бранители положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите бранители пред МО, додека во касарните делегации положија свежо цвеќе пред бистите на народните херои чии имиња ги носат касарните.

Исто така, во текот на денот од страна на делегации од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Министерството за одбрана и Генералштабот со воени почести положија венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, на поранешниот претседател Киро Клигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

Централната свеченост по повод Денот на Армијата ќе се одржи в недела на 18 август во Центарот за Обука на вода во Охрид, на која ќе присуствува највисокиот воен и државен врв, а пред присутните ќе се обратат претседателот и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

актуелно Ден на Армија свечености
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.