Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СДСМ:Инвестираме во развој и унапредување на инфраструктурата во Град Скопје
Македонија

СДСМ:Инвестираме во развој и унапредување на инфраструктурата во Град Скопје

септември 17, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

СДСМ и на локално и на централно ниво продолжува со инвестиции во изградба на нова и реконструкција на постоечката сообраќајна инфраструктура.

На територија на Град Скопје се одвива засилена градежна офанзива во реконструкција и пробивање и изградба на нови улици.

Започна изградбата на улицата Есенинова која ги поврзува општините Кисела Вода, Аеродром и Центар. Со пробивањето на оваа нова сообраќајница, која е трето поврзување меѓу Аеродром и Кисела Вода значително ќе се намали сообраќајниот метеж во тој дел од градот.

Интензивно се работи и втората фаза од изградбата на булеварот АСНОМ со мост преку Вардар кој ќе ги поврзува општините Аеродром, Центар и Гази Баба како модерно булеварско решение со 6 коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки од двете страни и ново булеварско зеленило.

Реконструкција започнува на клучните булевари во Скопје и тоа булеварот Александар Македонски во Гази Баба, на потегот од Хиподром до поранешниот саем во Автокоманда во должина од 5 километри, Видое Смилевски Бато во Аеродром од крстосницата со булевар Февруарски поход, до крстосницата со булевар Србија, како и 8ми септември во Карпош.

Голем градежен зафат се одвива и во општина Центар, каде во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата Лазар Личеноски, со целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари.

На територијата на општина Чаир, во моментов се работи на реконструкција на улицата Џон.

Истовремено во градот Скопје се подигнати и обновени зелени површини на над 117.000 квадратни метри, од кои од особено значење се подигнатите паркови на местото на некогашните диви депонии во Кисела Вода  со површина од околу на површина од околу 18.000 квадратни метри и во Аеродром на површина од 8.000 квадратни метри, а активно се работи на паркот на местото на дивата депонија во Карпош 4 што ќе се протега на површина од околу 60.000 квадратни метри.

Одговорно и посветено продолжуваме со реализација на проектите за поквалитетен живот на граѓаните, за развој и унапредување на инфраструктурата во градот Скопје и градските општини.

Скопје ќе продолжи да ја развива својата улична мрежа истовремено со мрежите на велосипедски и пешачки патеки со цел обезбедување на одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај.

Градиме по план и инвестираме во иднината на граѓаните.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

инвестиција развој сдсм унапредување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат

мај 22, 2026

Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали

мај 21, 2026

ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.