ВМРО-ДПМНЕ партијата којашто со криминалното, неодговорно и расипничко владеење го урниса животниот стандард на граѓаните, денес како опозиција продолжува со лицемерно однесување и лажна загриженост, велат од СДСМ со соопштение за јавност.
Зголемувањето на акцизата за нафтата не влијае на покачување на цените на мало. Сите енергенси учествуваат со 10 отсто во вкупната цена на производите, а акцизата е зголемена за само мал дел од тие 10 отсто, што е незначително за вкупната цена.
Залудни се обидите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку демонстрирање лажна загриженост да ја манипулира јавноста. Граѓаните чувствуваат реални придобивки од успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ.
Растот на минималната и просечната плата, зголемените пензии и субвенции за земјоделците, намалувањето на трошоците преку укинување на радиодифузната такса и воведувањето евтина тарифа на струјата се мерки што обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните.
Бројни економски параметри ја потврдуваат разликата помеѓу расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и успешното и одговорно работење на СДСМ и Владата што ја предводи и мерките преку коишто се создаваат услови за подобар животен стандард и интензивирање на економскиот раст, велат од партијата.







