Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СДСМ в понеделник на Конгрес ќе ги дефинира изборните листи, Заев деновива најави состанок со ДПА
Политика

СДСМ в понеделник на Конгрес ќе ги дефинира изборните листи, Заев деновива најави состанок со ДПА

март 5, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

В понеделник по Конгресот на СДСМ ќе бидат познати изборните листи за престојните предвремени парламентарни избори, закажани за 12 април.

На огласот се пријавиле околу две илјади кандидати, по првичните селекции на локално ниво останале околу илјада и тие понатаму се селектираат на централно ниво на партијата, согласно анализите и анкетите, но и согласно препораките на селекционата комисија.

Имињата на некои од кандидатите во одредени населени места се познати, но повеќето се уште се во процес на избор за учество на листите.

Ова денеска на прес-конференција го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговараќи на новинарско прашање, истакнувајќи дека в понеделник во 16 часот ќе се одржи Централен одбор на партијата, а во 18:00 часот следи Конгресот.

„За конечните листи ќе одлучиме в понеделник на Конгрес. Во 16 часот
имаме Централен одбор, во 18 часот Конгрес. Викендов ќе ни биде работен, верувам дека до последно како стигнуваат анализите, анкетите, истражувањата, кои се водилка во извештаите во селекционата комисија, по што ќе се сублимира конечноста на одлуките поврзана со кандидатите. Ќе можеме да соопштиме во понеделник, некои места ги знаеме, но голем дел уште не се знаат“, рече Заев.

Во врска со тоа дали со БЕСА ќе одат со заедничка листа на изборите, поради изјавата на претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, дека со тоа БЕСА ќе загуби членови во Комисијата, но и во избирачките одбори,
Заев рече дека коалицијата е објавена, на изборите ќе настапат со
заедничка пратеничка листа и со заедничка програма.

Додаде дека законот е јасен за сите аспекти и фази на изборите.

„Ако поединци ги насочуваат коалициите во насока на обесхрабрување во една држава, која е мултиетничко општество, тоа не води кон добро“, рече Заев.

Нагласи дека до денеска БЕСА и Алијанса за Албанците се во опозиција и тие генерираа опозициско дејствување и затоа имаат одредено право извлечено од аспект на опозициски партии.

„Е сега тоа што знаат дека БЕСА ќе биде владејачка партија, тоа е друга работа. Не треба да се водиме од очекувањата во иднината“, истакна лидерот на СДСМ.

Во врска со можност за соработка со ДПА на Мендух Тачи, Заев вели дека деновиве е можно да се одржи состанок и да се видат резултатите од него.

„Да видиме што ќе произлезе, имаме доволно анализи, како стоиме, какви се состојбите, но во најмала рака треба да разговараме“, додаде тој.

Одговарајќи на новинарско прашање Заев рече дека не ја прифаќа
поканата на ТВ Алфа за дуел со Мицкоски.

Рече тој е слободољубец, верува во вредностите, но е и човек, кој го слуша народот.

Додаде дека останува достапен на располагање за дуели на други места, ако пристигнат покани.

Во врска со кампањата и наводите за палење на билборди нарачи од ВМРО-ДПМНЕ, на кои тој е прикажан со чанта Луј Витон, Заев истакна дека ги осудува сите постапки на палење на билборди и нанесување штети на каков било приватен имот.

„Ги осудувам постапките за палење на билбордите. Нека ја гледаат луѓето грозотијата на кампањата во услови на недостиг на позитивна кампања. Луѓето гледаат, секој има право да закупи простор. Нека ценат граѓаните кој што рекламира и презентира и така нека носат одлуки“, додаде Заев.

„На прашање за неговиот став кон Словенија и мандатарот за нова словенечка Влада, Јанез Јанша, Заев истакна дека отсекогаш сме биле во добри односи со Словенија, уште од времето на поранешна Југославија и додаде дека тој смета на поддршката на Словенија во секоја смисла. Власта во државите се менува, но добрите односи остануваат“, вели Заев и додава дека тој е против национализмот, не само во Словенија, туку и во сопствената земја.

„Јас сум против национализмот не само во Словенија, туку и дома. Национализмот беше одлика на 20 век, некои викаат на 19 век, не треба да го има и со него не кажуваме колкави патриоти сме, тој носи до омраза, конфликти, горчини, уништени судбини. Тие што го користат некој пат ќе заборават да ги измијат рацете и ќе се отрујат“, рече Заев и додаде дека тој ја очекува поддршката од Словенија, но и таа земја секогаш може да смета на наша поддршка.

актуелно изборни листи конгрес сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.