Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СДСМ денеска го избира наследникот на Заев
Македонија

СДСМ денеска го избира наследникот на Заев

декември 12, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Социјалдемократите денеска на вонредните внатрепартиски избори избираат нов претседател на партијата. Гласањето ќе се одвива по електронски пат. 

Вкупно 51.228 активно регистрирани членови на СДСМ ќе изберат еден од тројцата кандидати: Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски.

Еден од нив ќе го заземе местото на досегашниот претседател на партијата, Зоран Заев, кој даде оставка по неуспехот на локалните избори.

Гласањето на денешните вонредни избори се одвива на 194 избирачки места низ општинските организации ширум државата, почнувајќи од 8 часот наутро, се до 19 часот попладне. Гласањето е тајно, со заокружување на редниот број на еден од тројцата кандидати кои се наоѓаат на гласачкото ливче.

Непосредните внатрепартиски избори следуваат по оставката на претседателот на СДСМ и премиер во заминување Зоран Заев која беше констатирана на седницата на Централниот одбор на партијата одржана на 26 ноември. Оставката ја најави ноќта на 31 октомври, како чин на политичка одговорност по поразот на локалните избори, губејќи го и главниот град и повеќето скопски општини.

СДСМ по вторпат годинава оди на внатрепартиски избори за лидер и тоа по само девет месеци откако, наместо на конгрес, со статутарни измени се предвиде непосредно гласање на целото членство за највисоката партиска функција.

Да не ја најавеше Зоран Заев оставката на лидерската функција, вторите внатрепартиски избори ќе требаше да се одржат во 2025 година, до кога, поради новонастанатата ситуација, веројатно ќе трае и мандатот на петтиот претседател на СДСМ кој ќе биде избран денеска.

Заев не е првиот претседател на СДСМ кој поднел оставка на функцијата. Пред него, тоа го направи Бранко Црвенковски во 2004 година, повлекувајќи се среде мандат и од лидерската и од премиерската функција, за да се кандидира за претседател на државата, а четири години подоцна од лидерското место се повлече и Радмила Шекеринска, по поразот на тогаш опозициските социјалдемократи на предвремените парламентарни избори во 2008 година.

Заев првпат беше избран за лидер на СДСМ во 2013 година, на конгрес на кој имаше двајца противкандидати, а дојде на чело на партијата од позиција на градоначалник на Струмица.

димитар ковачевски Зоран Заев избори Јован Деспотовски сдсм Фросина Ременски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување

јуни 8, 2026

Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.