Времето на злоупотреби на институциите заврши. Државните институции се професионални и ослободени, истакнува СДСМ во писмена реакција на изјавата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски треба да се помират со фактот дека времето на злоупотреби на институциите заврши кога тие заминаа во опозиција. Очајнички се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку ширење лажни вести да го подигнат моралот на нивниот лидер Никола Груевски.
„Лажните вести и манипулации нема да и помогнат на опозициската партија да го избегне извесниот убедлив пораз на локалните избори, се вели во реакцијата.
СДСМ нагласува дека претстојните локални избори за првпат по неколку години ќе бидат фер, слободни, регуларни и ќе ја одразат вистинската изборна волја на гласачите. –
Секој кој ќе работи спротивно на законот ќе одговара за своите постапки без разлика на неговата партиска определба или општествена функција, вели СДСМ.







