„Дали тоа што не добија амнестија за претходното раководство е причината што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не соопштуваат јасен став за референдумот? Сите прогресивни политички субјекти и мнозинството граѓани се определени за загарантиран македонски идентитет и обезбедена македонска иднина во ЕУ и НАТО.
Само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат без став за најважното прашање во историјата на независна Македонија“ е ставот на владејачката СДСМ.
Од партијата истакнуваат дека „Немањето став за најважното прашање за најзначајните стратешки и национални интереси, докажува дека ВМРО-ДПМНЕ се несериозна и неодговорна партија која што мисли само на сопствените, а никако на интересите на граѓаните и државата“.
„Дали тоа што не успеаја да добијат амнестија за нивното претходно раководство е причината што Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат или не сакаат да го соопштат ставот за референдумот на 30 септември? Македонија чекори кон целосно расчистување со корупција и владеење на правото, што се едни и од критериумите за целосна интеграција во ЕУ и НАТО.
„Придобивките и вредностите на ЕУ и НАТО се суштинска спротивност на криминалното и антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.







