Сите наделжни институции се целосно профеионализирани и посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори.
Граѓаните да бидат спокојни и да не подлегнуваат на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и во недела масовно и слободно да го искористат своето право на глас, велат од СДСМ во соопштение за јавност.
Избирачкото право е загарантирано, а изборната волја на граѓаните ќе биде целосно испочитувана.
„Времето на злоупотреби на институциите, поткупот, уцените и заканите за предизборни партиски цели заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во опозиција. Таа криминална ера заврши и ниту една измислена „стража“ нема да ја врати.
„ВМРО-ДПМНЕ не може и не знае да функционира во фер и регуларни услови и затоа во недела ќе загуби на фер, слободни и демократски избори, на кои на кои граѓаните ќе ги закоружат промените и на локално ниво и ќе стават крај на децениското криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ со општините, велат од партијата.







