Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочат туку да дадат поддршка на македонската иднина, велат од СДСМ во соопштение за јавност.
Решението на спорот што цели 25 години ја влечеше Македонија наназад ги брани врвните државни и национални интереси, го зачувува и го зајакнува македонскиот идентитет еднаш – засекогаш.
Целиот демократски свет, САД, Европската комисија, Европскиот парламент, НАТО, Велика Британија, Австрија, Бугарија, упатува честитки за постигнатиот договор и го поздравува лидерството на двете земји.
Во интерес на граѓаните е и ВМРО-ДПМНЕ, како и сите политички субјекти во земјава да се обединат околу врвните државни и национални приоритети.
Тоа е поддршка за просперитет на нашата земја, тоа е поддршка за македонската иднина.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да кажат ДА за референдум на којшто граѓаните ќе го имаат последниот збор.
Христијан Мицкоски треба да покаже зрелост и одговорност и да каже ДА за решението што обезбедува членство на Македонија во НАТО и полноправно членство во Европската унијата!
Да, само заради граѓаните и нивната иднина.
ДА, за македонската иднина! се вели во соопштението.







