Скопје, 18 мај 2020
СДСМ како одговорна партија во ова време на пандемија има три приоритети -заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на
економијата и функционални институции, како гарант на демократијата.
Токму затоа изборите треба да се одржат во првиот можен термин, согласно протоколите за заштита, бидејќи официјалните податоци на здравствените институции покажуваат дека епидемијата е ставена под
контрола и дека постојат услови за одржување на одложените парламентарни избори.
Токму затоа Христијан Мицкоски е во паника, бидејќи знае дека е соочен со пораз на изборите поради своето неодговорно и деструктивно однесување во време на пандемијата.
Мицкоски сака криза, сака неизвесност, нефункционални институции, криза и закани по граѓаните.
Тоа СДСМ нема да го дозволи.
Нема да дозволиме пропаднатиот спортист и политичар Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ги попречат демократските процеси и вештачки да создадат криза.
Ништо нема да го спаси Мицкоски од пораз за неговите пропаднати политики
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ







