Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СДСМ прогласи победа на изборите, ВМРО-ДПМНЕ најавува трка за состав на ново парламентарно мнозинство
Македонија

СДСМ прогласи победа на изборите, ВМРО-ДПМНЕ најавува трка за состав на ново парламентарно мнозинство

јули 16, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ноќеска прогласи победа на коалицијата „Можеме“ на вчерашните парламентарни избори, оценувајќи дека победила волјата на народот и граѓаните гласале за сигурна иднина. Од друга страна, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев изјави дека опозицијата на изборите освоила повеќе гласови од партиите на власт, најавувајќи дека неговата партија ќе влезе во трка за составување мнозинство за формирање нова влада.

поред обработени податоци од 93,96 отсто од избирачките места, како што соопшти Државната изборна комисија (ДИК), коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, освоила 36,13 отсто од гласовите, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 34,65, ДУИ 11,57, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, Левица 3,96 и ДПА 1,48 проценти. Врз основа на првичните проекции, овие коалиции и партии ќе освојат мандати во новиот собраниски состав.

По објавувањето на овие резултати од страна на ДИК, Заев на прес-конференција изјави дека коалицијата „Можеме“ е победничка на парламентарните избори, со освоени три пратеници повеќе од ВМРО-ДПМНЕ и со можност за добивање на уште еден или два мандати.

– Можеме и тоа како можеме. Успеавме народе мој со убедлива и стабилна предност во моментов од над три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за еден или два уште повеќе, нашата коалиција „Можеме“ е победничката коалицијата на овие парламентарни избори, најголемата, најразноликата, најмоќната и победничката, тоа е „Можеме“, рече Заев.

Тој нагласи дека победила волјата на народот и оти граѓаните гласале за сигурна иднина.

– Граѓаните излегоа и гласаа за сигурна иднина, за заедништво и солидарност, за  економски патриотизам, за ред и правда. Излегоа граѓаните и избраа подобро денес и подобро утре. Патот напред е потврден, на опасноста и кажавме јасно „не“, порача Заев, додавајќи дека имавме достоинствени, слободни, демократски, безбедни и современи избори, кои и доликуваат на една земја членка на НАТО, која граби кон ЕУ.

За разлика од Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не се појави пред јавноста по вчерашните избори, а партискиот став за изборните резултати ги изнесе генералниот секретар Јанушев, кој изрази задоволство од постигнатото, оценувајќи дека народот покажал дека посакува промени и сака обнова.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ победила во најголем број градови и населени места – Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Бутел, Кавадарци, Свети Николе, Македонска Каменица, Пехчево, Велес, Градско, Охрид, Прилеп, Илинден, Петровец… и изрази благодарност до сите граѓани, кои, според него, се одлучиле за промени.

– Со тој кредибилитет влегуваме во нова трка за обезбедување на мнозинство за нова влада, рече Јанушев, истакнувајќи дека „трката се уште е неизвесна“ и оти ќе почекаат до утринава за да ги видат конечните резултати.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак, прогласи победа на неговата партија во албанскиот блок, истакнувајќи дека освоиле над 100 илјади гласови и 12 пратенички мандати.

– Орелот се врати. Оваа победа на ДУИ е победа на Албанците и со таа победа нема да изгуби ниту еден Албанец. Ние се докажавме дека сме најуспешните во сите сфери и така ќе биде и понатаму. Албанците нема да бидат разочарани од нас, истакна Ахмети.

Од друга страна, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села изјави дека коалицијата „Сега е време”, што ја сочинуваат неговата и партијата Алтернатива, води во поголемиот број на општините во ИЕ 6.

– Чекаме резултати од Тетово. Ситуација во овој град е изедначена и балансирана. Голем успех имаме во Арачиново и ова општина е вратена како бастион на Албанците, како и во Општина Гази Баба и во легендарното Куманово. Победуваме и во Студеничани. Успех имаме и во Сарај, но тука се случи феноменот на полнење на кутии. За овие случаи ние ќе поднесеме приговори, за некои села и се разбира чекам резултати нашата коалиција да излезе победничка, рече Села.

Според податоците на ДИК, од обработени 93,96 отсто од избирачките места, коалицијата „Можеме“ води со освоени 36,13 отсто од гласовите, пред коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 34,65, ДУИ 11,57, Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, Левица 3,96, ДПА 1,48 и Интегра со 1,33 проценти. ГДУ освоила 0,37 отсто од гласовите, МОРО 0,36 , Глас за Македонија 0,3, Единствена Македонија 0,29, СДУ 0,27, Твоја 0,2, Демократи 0,17, а Народна партија на Ромите 0,15 отсто од гласовите.

Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани на прес-конференција рече дека ноќва нема да биде соопштено која партија колку мандати освоила, тука распределбата ќе биде направена утре откако ќе бидат добиени и целосно обработени сите податоци

Инаку, ДИК во изборната вечер имаше проблеми со функционирањето на веб страната, што според Шабани било последица на надворешен хакерски напад.

Граѓанската асоцијација МОСТ, која ги набљудуваше изборите, излезе со став дека поради тесните резултати и маргината на грешка не е во можност да ја проектира распределбата на мандати по изборни единици.

– Што се однесува до резултатите од изборите, поради тесните резултати и маргината на грешка која ПВТ примерокот ја продуцира, МОСТ не е во можност да ја проектира распределбата на мандати по изборни единици, рече на вечерашната прес-конференција првиот човек на МОСТ, Дарко Алексов.

Тој истакна дека распределбата на мандати може да ја направи само ДИК и тоа откако ќе бидат обработени сите податоци од сите избирачки места.

актуелно победа сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.