Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СДСМ: Третиот пакет мерки дава поддршка на 730.000 корисници, обезбедува нов развој и ја стимулира домашната економија
Македонија

СДСМ: Третиот пакет мерки дава поддршка на 730.000 корисници, обезбедува нов развој и ја стимулира домашната економија

мај 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Скопје, 19 мај 2020

Третиот пакет економски мерки ќе ги заживее домашните економски дејности, ќе ги трансформира и модернизира со цел да се создадат услови за динамичен раст и нова развојна македонска економија.

Новите економски мерки се системски решенија и нудат директна финансиска поддршка за зголемување на потрошувачката, поддршка на
стопанството, земјоделството и туризмот, но и награда за најизложените
здравствени работници во знак на благодарност за нивната работа.

Во првиот столб од третиот сет мерки е предвидено воведување на платежни картички вредни 9.000 денари за околу 100 илјади граѓани.

Со оваа поддршка, ќе се стимулира понудата на домашни производи и услуги со директна парична поддршка од државата, преку потрошувачката на граѓаните.

Корисници на платежната картичка може да бидат невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 денари месечни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош.

Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра.

Новиот економски пакет е насочен и кон активирање на домашниот туризам преку ваучер во износ од 6.000 денари за користење во домашните сместувачки капацитети, а граѓаните ќе добијат и платежна картичка од 3.000 денари за купување на домашни производи и услуги.

Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат нето плата помала од 15.000 денари месечно и немаат други приходи.

Тоа значи дека без разлика на месечните примања на едно домаќинство,
членовите од семејството кои имаат лични примања под 15.000 денари
месечно, можат да бидат корисници на домашниот туристички ваучер и
платежната картичка.

Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра.

Во фокусот на третиот пакет економски мерки се и младите за кои се
предвидени три мерки:

-парична поддршка за млади дo 6.000 денари за покривање на партиципација во Универзитет или за сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети и кои доаѓаат од семејства со ниски приходи.

–платежна домашна картичка од 3. 000 денари за домашни производи и услуги.

–ваучери до 30.000 за кофинансирање за обуки за ИТ и дигитални вештини со цел да бидат конкуренти на пазарот на труд.

Вредноста на овие мерки за млади се околу 12 милиони евра и и опфаќа 100.000 млади.

Во име на посветеноста на здравствените работници кои се бореа во првите редови во битката со КОВИД-19 и во знак на благодарност, Владата предводена од СДСМ ќе ги награди докторите и медицинскиот персонал на инфективните клиники и одделенија, на Универзитетската Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, На Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, како и сите членови на тимовите од итна медицинска помош, со 20% повисока плата за два месеца која ќе биде исплатена преку домашна платежна картичка.

Економските мерки коишто се со цел да ја заздрават и заживеаат македонската економија, предвидуваат и викенд без ДДВ за сите граѓани кои преку поевтини цени, ќе поттикнат потрошувачка и раст на приходи во домашните производствени и продажни капацитети, како што се продавниците за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги.

На овој начин граѓаните ќе добијат поголем поврат на ДДВ од сегашниот модел и преку постоечкото софтверското решение „МојДДВ“.

Се очекува преку оваа мерка 20 милиони евра, да се слеат назад во стопанството.

Вториот столб од овој сет мерки нуди Директна поддршка на македонското стопанство–иновативност и развој за зачувување на постојните и за нови работни места.

Преку Бескаматните кредитни линии за сите микро и мали компании, во вредност од 31 милион евра, преку Развојната Банка на Северна Македонија, обезбедени се 30% грант како поддршка за жените, младите, фирми кои воведуваат дигитализацијата во бизнисот или пак се извозно ориентирани.

Ќе се инвестираат нови 1,6 милиони евра за развој на иновативни продукти и услуги преку ФИТР преку мерката–Поддршка за развој на домашни старт ап продукти и услуги.

Со третиот столб од овој сет мерки е предвидена и поддршка за земјоделците.

Аграрниот сектор ќе биде поддржан со 5 милиони евра преку Развојната банка.

По ланското субвенционирање од 30% за зелена нафта, преку платежната картичка за субвенционирање на зелена нафта за земјоделците, субвенцијата ќе се зголеми на 50%.

Оваа мерка ќе опфати 50.000 земјоделци, а вредноста е 4.6 милиони евра.

Вредноста на новиот трет сет економски мерки изнесува 355 милиони евра и со него ќе бидат опфатени 730.000 корисници.

Вкупниот влог во новата развојна македонска економија, трите пакети мерки изнесуваат 550 милиони евра или 5 до 5.5% од БДП.

Со ефектите од економските мерки од првите два пакета, создаваат услови за динамичен раст и нова развојна македонска економија.

СДСМ

домашна економија мерки сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026

СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески

ноември 13, 2026

Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.