Со соопштение до јавноста, преку ,,Фокус’’, менаџерот на Северина појаснува дека фотографијата од пејачката била искористена без нејзина дозвола и дека, во случајов, станува збор за лага и подметнување.
„Жал ми е што Северина без нејзино знаење и одобрување е искористена во политички цели. Северина овие денови престојува во Хрватска, и не е во Македонија, па затоа било каква поврзаност со неа и нејзиното присуство на одржаниот протест е обична лага и подметнување. Со ова можам да потврдам дека без дозвола е користена нејзина фотографија од видетоо за албумот ,,Здраво Марија’’ кој е објавен во 2008 година“ тврди Петровиќ, менаџер на Северина, објави „Фокус“.
Инаку, фотографијата објавена вчера на ФБ е од спотот за песната против насилството врз жените.
Покрај фотографијата од Северина, на социјалните мрежи се споделија и други фотографии од повредени лица кои што воопшто не биле присутни на протестот, и дури и не живеат во Македонија.
Ваквите лажни информации само уште повеќе ги подгреаа тензиите синоќа и предизвикаа говор на омраза и повици за немири на социјалните мрежи.
Според МВР, седумнаесет лица, помеѓу кои десет полицајци се повредени во синоќешните насилни протести пред Собранието во Скопје.








