Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Северна Македонија меѓу најдобрите во регионот за климатските цели
Политика

Северна Македонија меѓу најдобрите во регионот за климатските цели

ноември 30, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Последниот извештај на коалицијата на невладини организации за клима и енергија покажува дека Северна Македонија води во делот на енергетските и климатски амбиции во регионот, иако останува уште многу работа до целосна декарбонизација,
јави дописничката на МИА од Брисел.

„Западниот Балкан оди во добра насока но сѐ уште недоволно во однос на трансформацијата на енергетскиот систем, заклучува годишниот извештај на Секретаријатот на енергетска заедница на регионот. Според Коалицијата на невладини организации, Мрежа за климатска акција Европа, се забележува дека на регионално ниво сѐ уште не се поставени цели за намалување на стакленичките емисии за 2030, ниту пак целите за обновливи енергии и енергетска ефикасност. Министерскиот Совет на енергетската заедница не ги усвоил потребните насоки за декарбонизација и не се справува со прекршувањето на ЕУ законодавството во оваа област, истакнуваат невладините организации. Северна Македонија сепак се истакнува како една од најдобрите земји во регионот“, стои во извештајот.

„Што се однесува до климата и животната средина, Северна Македонија е всушност на пат кон декарбонизација. Неодамна усвоената стратегија за енергетски развој претставува три сценарија, од кои зеленото сценарио се покажува најисплатливо и го декарбонизира електричниот сектор“, стои во извештајот.

Секретаријатот нагласува дека земјата е најнапредна од сите во однос на Националниот план за енергија и клима и го поздравува усвојувањето на законот за енергетска ефикасност на почетокот на оваа година со што Северна Македонија е усогласена со законодавството на ЕУ во оваа област.

„Северна Македонија на импресивен начин го надоместува изгубеното време со обезбедување на ефикасна имплементација на третиот енергетски пакет, започнувајќи со енергетскиот закон во 2018“, пишува во годишниот извештај, и се поздравува амбициозноста на стратегијата за енергетски развој за периодот 2020-2040.

Извештајот забележува меѓутоа дека нема доволен напредок во секторот на гасот, за разлика од електричниот, поради долгогодишниот нерешен спор со сопствеништвото на операторот, што го загрозува и проектот за градење на интерконектор со Грција.

актуелно климатските цели регион северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.