Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Северна Македонија прв пат ќе седне на масата на НАТО како полноправна членка
Политика

Северна Македонија прв пат ќе седне на масата на НАТО како полноправна членка

април 1, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Преку видеоконференција утре ќе се одржи првиот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, на кој полноправно ќе учествува и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, утрово го најави
дневниот ред на утрешниот министерски совет, кој за прв пат ќе се одржи преку безбедна видео врска помеѓу триесетте земји сојузнички на НАТО.

„Утре ќе и посакаме добредојде на Северна Македонија како триесетта земја членка, дури и во овие тешки времиња продолжуваме да гледаме напред“, изјави Столтенберг.

Земјите членки на Алијансата утре во најголем дел ќе се фокусираат на координирање на помошта во борбата против пандемијата со коронавирусот и ќе бидат претставени мерките што НАТО и нејзините членки ќе ги преземат за време на кризата.

„Ова е глобална здравствена криза. Нашите мисли се со сите жртви на пандемијата и нивните блиски. Им благдариме на сите оние што се во првите линии – здравствените работници, поддржани со цивилни напори. НАТО има своја улога да помогне во оваа борба со невидливиот непријател“, рече Столтенберг.

Како што објасни генералниот секретар и во интервју за МИА пред два дена, Алијансата помага, меѓу другото, преку пренесување и обезбедување медицинска опрема како маски или шатори за мобилни
болници, но и преку взаемна поддршка на земјите членки.

Па така, на пример, Турција испраќа карго авион со опрема во Италија и Шпанија, Германија презема пациенти од други земји во своите болници, а лекари патуваат да им помогнат на нивните колеги во странство.

„Доктори од Албанија и Полска отпатуваа да им помогнат на нивните италијански колеги. САД испрати медицинска опрема во Италија. Чешка донираше 20.000 заштитни одела во Италија и Шпанија“, рече генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг изјави дека Северна Македонија, како најнова членка, исто
така го користи системот за одговор на кризи на Алијансата за да се координира на владино ниво.

„Витална е помошта за цивилните напори, вклучително преку теренски болници, транспорт, обезбедување на граничните премини, утре кога ќе се состанат министрите ќе ги разгледаме начините на координација користејќи ги воените капацитети на НАТО“, рече Столтенберг.

На утрешниот состанок, ќе се разговара и за зајакнување на одговорот
на земјите на НАТО во справување со кризата со Ковид-19, но и за
основните операции и мисии на Алијансата.

„Ќе разгледуваме како да ги искористиме воените капацитетите и
структурата на НАТО, за да ја зголемиме и забрзаме нашата поддршка
на националните одговори на Ковид-19, бидејќи сите заедно сме во
оваа криза и нашиот заеднички одговор ќе биде поефективен. Клучната
задача на НАТО, безбедноста и одбрана на над милијарда луѓе во
светот, мора да се сочува и мора да се осигуриме дека оваа здравствена
криза нема да прерасне во безбедносна криза“, предупреди генералниот
секретар.

Сојузниците утре ќе разговараат за борбата против тероризмот, мировниот план за Авганистан и помошта за Украина и Грузија.

актуелно НАТО северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.