Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сега не е време за диети – со зеленчук, овошје, чаеви, супи, јогурт и пилешко против коронавирусот
Здравје

Сега не е време за диети – со зеленчук, овошје, чаеви, супи, јогурт и пилешко против коронавирусот

март 20, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Имајќи предвид дека сé уште не е достапна вакцина за вирсуот КОВИД-19, правилната исхрана која игра важна улога во превенцијата од заразни болести, посебно е битна сега, во овој случај. Според нутриционистите, во овој момент не е време за диети со висок процент на масти и протеини, а со мала застапеност на јагленихидрати во оброците.

Треба да се јаде овошје барем двапати дневно (најмногу цитруси и црвени бобичасти плодови), да се пијат чаеви и други течности, да се консумираат супи (пилешка или зеленчукова). Притоа, не смее да се заборави и порција салата (за ручек и вечера), особено зелен лиснат зеленчук.

Како што вели за МИА д-р Драгица Зенделовска, виш научен соработник, од животински протеини може да се користат пилешко и мисиркино месо, риба, обезмастени млечни производи, посебно јогурт со пробиотски култури, додека од растителните – грав, грашок, леќа во комбинација со ориз или парче интегрален леб со семки со цел да се внесат полни протеини.

Зенделовска апелира да се избегнуваат конзервираните производи, комерцијалните индустриски производи особено виршли, паштети, салами, намалете ја употребата на маргарин и рафинирани масла, грицки, торти,…

Препорачува и лицата кои се на пост или веганската популација да бидат внимателни поради несоодветниот внес на протеини.

-Преку внимателен избор на намирници можеме да влијаеме во насока на подобрување на имунитетот чија функција е одлучувачки фактор и во случај да се заразиме – болеста да тече со подобра клиничка слика. Зголемениот внес на масти негативно влијае на имунолошкиот систем во споредба со диети кои се со висока содржина на јаглехидрати. Нормално, треба да се обезбеди доволен внес на полинезаситени масни киселини како што се Омега-3. Од друга страна, пак, внимателни треба да бидат лицата кои се на пост или веганската популација, поради несоодветниот внес на протеини што може да влијае на Т-клеточниот систем резултирајќи со зголемена инциденца на опортунистички инфекции и најчесто недоволен внес на витамин Б12 и фолна киселина кои се неопходни за синтеза на нуклеински киселини и нормална продукција на црвени и бели крвни зрнца, како и цинк кој е есенцијален за развој на имунолошкиот систем и на повеќе од 100 металоензими. Јаглехидратите, особено гликозата, е важно гориво за клетките на имунолошкиот систем вклучувајќи ги лимфоцитите, неутрофилите и макрофагите, ја намалуваат концентрацијата на стрес хормоните како што е кортизолот кој има имуносупресивен ефект вклучувајќи супресија на продукција на антитела, лимфоцитна пролиферација, објаснува д-р Зенделовска.

Нагласува и дека сокот од овошје, чаевите и другите течности во текот на денот ќе ни помогнат да го одржиме нормалниот проток на плунка, бидејќи таа содржи неколку протеини кои имаат антимикробни својства (имуноглобулин А, лизозим, бета-амилаза).

-Многу е важно да останете добро хидрирани во текот на денот. Од чаеви користете цвет од липа, лист од бреза, бел слез, семе од анасон, а особено важен е чајот од сладок корен кој долго години се користи за превенција и третман на респираторни вирални инфекции поради содржината на неураминидаза инхибитори. Да не ги заборавиме супите (пилешка или зеленчукова) во кои можете да додадете ѓумбир, куркума, бибер. Време е да бидеме малку креативни во нашите кујни и да пробаме да направиме француска супа од кромид или чешка супа од лук. Во дневното мени особено за ручек и вечера потребна е поголема порција салата особено зелен лиснат зеленчук, не само поради витамините, минералите и растителните влакна, туку и за да ја намалиме енергетската густина на оброците за да превенираме зголемување на телесната тежина поради намалената физичка активност. Овошјето и зеленчукот треба добро да се измијат и покрај тоа што досега не е утврдена трансмисија на вирусот преку храна, но истата може да биде контаминирана, потенцира Зенделовска.

Од додатоци во исхрана би било добро, вели, да се користи мултивитаминска и мултиминерална формула, витамин Ц, витамин Д, пробиотик и пребиотик, а лицата со компромитиран имунолшки систем може да користат бета глукан за кој се уште недостасуваат хумани студии за имуномодулација и колострум кој содржи антитела, фактори на раст, ензими, ганглиозиди.

-Според мене, најдобра заштита е да се остане дома, одржувајте ја социјалната дистанца и хигиената, хранете се добро. Само со позитивна мисла, нема простор за паника и да бидеме општествено одговорни за да им помогнеме на луѓето во бели мантили кои безрезервно се даваат во овој момент. И секако, за време на пандемијата треба да се следат препораките на СЗО со цел да се спречи натамошното ширење на вирусот, подвлекува д-р Зенделовска.

Мирјана Чакарова

актуелно здравје Ковид-19 храна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.