Седуммина полицајци се повредени и тројца цивили се приведени во насилните протести пред Собранието на Македонија.
Екипа на Итната медицинска помош интервенираше вчера вечерта поради повредени лица во насилните протести што се одржаа пред Собранието.
Медицинскиот тим интервенирал по барање на полицијата.
Македонската полиција со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието кои протестираа незадоволни од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан во Псарадес.
Демонстрантите фрлаа кон полицијата шок-бомби, пиротехнички средства и камења.
Полицијата возврати откако дел од нив ја турнаа заштитната ограда и се обидоа да влезат во Парламентот.
Протестот беше организиран преку социјални мрежи.
ТВ24







