Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Секторот за финансиски услуги во Северна Македонија е подготвен за финтектрансформација
Економија

Секторот за финансиски услуги во Северна Македонија е подготвен за финтектрансформација

февруари 8, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Секторот за финансиски услуги во Република Северна Македонија е подготвен за финтектрансформaција. Потребата за развој на финтек-секторот е оправдана, заради многубројните придобивки и можности. Дигиталната трансформација е во фокусот на сите страни вклучени во екосистемот, при што соработката на банките и небанкарските финансиски институции со компаниите коишто обезбедуваат услуги за поддршка на финтек-секторот е во почетна фаза. Истовремено, постои свесност за ризиците коишто произлегуваат од процесот на дигиталната трансформација. Притоа,
неопходни се натамошни измени во регулативата заради поддржување на развојот на финтек-секторот.

Ова, како што соопшти Народната банка, се дел од најзначајните заклучоци од Анкетата за развој на финтек-секторот во земјата, којашто Народната банка ја спроведе во октомври минатата година, по електронски пат, во рамките на проектот за развој на финтек-секторот, со поддршка на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ). Физибилитистудијата којашто содржи подетални информации за резултатите од Анкетата, денеска, е објавена на веб-страницата на Народната банка, откако претходно беа разгледани резултатите на виртуелна средба на експертите од Народната банка.

Од Народната банка наведуваат дека одѕивот на Анкетата беше солиден со одговори од вкупно 220 испитаници. Во Анкетата како испитаници учествуваа: банки (вклучително и Македонската банкарска асоцијација), небанкарски институции (осигурителни компании, брокерски друштва и останати небанкарски институции), компании за алтернативно финансирање, акцелератори, инкубатори и други партнери за поддршка на развојот на малите бизниси, регулатори и одредени државни институции.

Најголемиот број од испитаниците, како што посочуваат во соопштението, беа претставници на традиционалните финансиски институции (банките и небанкарските институции), додека бројот на останатите учесници во екосистемот беше помал, што всушност соодветствува со тековната структура на финансискиот систем во земјата и првичните резултати од мапирањето на екосистемот.

Во однос на можностите и придобивките од развојот на финтексекторот во нашата земја, најголемиот дел од испитаниците сметаат дека: финтек-секторот може да обезбеди поголем број можности и подобри услуги, пред сѐ за потрошувачите, но и за малите бизниси. Истовремено, тие го споделуваат мислењето дека финтек-секторот има потенцијал да ја зголеми финансиската инклузија, како и дека може да придонесе за усогласување на финансискиот систем со меѓународните најдобри практики.

Воедно, еден помал дел од испитаниците сметаат и дека со развојот на финтек-секторот ќе зајакне финансискиот систем и дека развојот на финтек-секторот може да помогне за интеграција на земјата во Европската Унија.

Што се однесува до ризиците и предизвиците од развојот на финтексекторот, резултатите од Анкетата укажуваат дека главен предизвик од развојот на финтек–секторот се ризиците за безбедноста, заради можноста од кибер-напади, финансиски криминал и перење пари. Тоа е всушност и најчесто споменуваниот ризик на глобално ниво, кога станува збор за ризиците и предизвиците поврзани со финтек-секторот.

Регулаторната рамка којашто поддржува иновативни решенија, притоа водејќи сметка за потенцијалните ризици, како што стои во соопштението, е во основата на развојот на финтек-секторот, дигиталната трансформација и модернизацијата на финансискиот систем. Сите групи испитаници ја посочуваат регулативата за платните системи како најголема пречка за развој на финтек-секторот. Оваа пречка би се надминала со спроведувањето на новиот Закон за платните системи и платежните услуги, којшто би бил донесен оваа година. Со него ќе се создадат услови за влез на нови институции на пазарот. Со новата регулатива од областа на платежните услуги би се зголемила конкуренцијата, би се подобриле услугите за граѓаните и компаниите и на тој начин би се обезбедила поддршка на развојот на финтек-секторот.

Од технологиите коишто би имале потенцијално најголемо влијание во наредниот период од 3 до 5 години, најголемиот дел од испитаниците ги издвојуваат: иновациите во плаќањата, анализите со користење големи бази на податоци (англ. Big data analytics), компјутерските програми коишто поттикнуваат конверзација со луѓе (англ. Chatbots).

Физибилити-студијата, којашто содржи подетални информации за резултатите од Анкетата, ќе послужи како основа за подетални дискусии со финансиските институции, регулаторите и други заинтересирани страни заради преземање натамошни активности за поддршка на финтек- развојот. Една од клучните активности за оваа цел ќе биде изработката на национална стратегија за поддршка на развојот на финтек-секторот којашто е планирано да се подготви во текот на оваа година.

Физбилити студијата и презентацијата со осврт на резултати од Анкетата се достапни преу седната е-врска :

https://nbrm.mk/dokumenti-porta-za-inovacii.nspx

актуелно е банка секор услуги финансии финтектрансформација
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.