ТВ-мрежата Еј-Би-Си ја укина серијата на комичарката Розен Бар по само една сезона од камбекот, откако таа објави расистички твит, каде советничка на Барак Обама спореди со мајмун.
Таа напиша на Твитер дека Валери Џерет е дете на Муслиманско братство и на филмот „Планета на мајмуните“.
„Изјавата на Бар на Твитер е гнасна, одвратна и несоодветна со нашите вредности и затоа решивме да ја откажеме серијата“, се обрати со соопштение и Еј-Би-Си.
Розен подоцна го избриша постот и се извини за она што го нарече „лоша шега“.
„Им се извинувам на Џерет и на сите Американци. Тоа беше лоша шега за нејзините изглед и политика“, кажа Бар.
„Розен“ првично се емитуваше од 1988 до 1997 година и во март имаше толку успешен камбек, што и Доналд Трамп лично ѝ се јави на Бар за да ѝ честита. Но, со овој твит, многумина сметаат дека таа дефинитивно си ја уништи кариерата.
Советничката на Обама, изјави дека не се чувствува навредена, но дека ова е добра поука за актерката. Јавноста со нетрпение ја очекува и реакцијата на Трамп, кој е познат како голем обожавател на серијата и актерката.







