Фудбалерите на Милан вчера го победија на гости Емполи со 4:1 во 14 коло од италијанската Серија А.
Милан поведе со голот на Џанлука Лападула во 15 минута, но Рикардо Сапонара само две минути подоцна го израмни резултатот.
Сепак, Милан во продолжението стигна до сите три бода.
Прво Сусо погоди во 61 минута за водство на Милан, две минути подоцна Андреа Коста постигна автогол, а конечниот резултат го постави Лападула во 78 минута.
Екипата на Милан е втора на табелата од Серија А со 29 бодови, додека Емполи е 17 место со 10.
Во следното, 15 коло, Милан го дочекува Кротоне, а Емполи оди на гости кај Сосуоло.
Фудбалерите на Торино го победија дома Киево со 2:1.
Стрелец на двата гола за екипата на Синиша Михајловиќ беше Јаго Фалке во 36 и 38 минута, додека погодокот на Киево го постигна Роберто Инглесе четири минути пред крајот на натпреварот.
Торино, после седмата победа во шампионатот, а трета последователна, „се искачи“ на шестото место на табелата со 25 бодови.
Киево, пак, со 18 бодови е на 11 позиција.
Во наредното коло Торино и гостува на Сампдорија, додека Киево ја дочекува Ѓенова.











